Скопје, 17 јули 2023
Не е толку страшно што викаат дека не знаеле, туку дека гласаат се што ДУИ ќе им сервира.
Вистината е дека и знаеле, и морале да гласаат.
А морале да гласаат затоа што зад Иловица стои Дестани, бизнисмен близок до ДУИ.
СДС јавно признаа дека се измеќари на криминалната ДУИ.
Власта работи само за својот ќар, а притоа лаже и манипулира.
Претседателот Христијан Мицкоски, во 2012 година, немал никаква функција во владата, тоа е основен податок, кој може да се провери на Гугл.
СДС и ДУИ се 7 години власт, ако сакаа да ја укинат Концесијата, која патем тие ја дале во 2006 година тоа имале доволно време да го сторат, се друго е лага.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ