– Примероци од вода земени на 47 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопштувајќи резултати од неделниот извештај за анализа на водата за пиење.
Од 10 до 14 јули биле земени 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, додека, пак, анализите ги направи Секторот за санитарна контрола – прва лабораторија во државата акредитирана за работа според стандардот ИСО17025:2018.