– Зголемен е бројот на интервенции во Итната помош при ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип. Доктор Вероника Ефремова во Итната помош-Штип вели дека причината е топлотниот бран, а изминатите денови бележат зголемување на интервенциите за 30 отсто – и во просториите на Брзата помош, но и на терен.
-Викендите имаме повеќе работа и тоа е зголемена за 30 проценти, од причина и што не работат матичните лекари, па и Итната медицинска помош и тогаш интервенира, изјави Ефремова.
Пациентите најчесто се жалат на варијација, но и на покачен крвен притисок, а лекарите забележале и појава на стомачни вируси.
-Им препорачуваме на хронично болните да се пие терапијата, да не се излегува непотребно надвор, да се седи дома и да се пие поголема количина на течности, рече Ефремова.
Земјава е влезена во портокалова фаза, поради тоа од Министерството за труд и социјална работа и Владата информираа дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури.