Кумановци за шест месеци поднеле 36 претставки до канцеларијата на Народниот правобранител

naroden pravobranitel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кумановци и жителите на општините од североистокот поднеле 36 претставки до подрачната канцеларија на Народниот правобранител, за првите шест месеци од годината.


-Најмногу претставки поднесени се од областа за урбанизам и градба, осум, потоа шест за правосудство, четири за пензиско и инвалидско осигурување, по три за потрошувачки права, имотни права, работни односи и други права. По две претставки граѓаните поднеле за областа социјална сигурност и заштита, по една за заштита на животна средина и здравствена заштита, изјави, Гордана Т. Ристовска, државен советник, од подрачната канцеларија на Народниот правобранител, Куманово.

Сепак, во канцеларијата помош побарале 220 граѓани, претежно кумановци, а помал дел се жители на соседните општини. Во првите шест месеци, од подрачната канцеларија не поднеле претставка по сопствена иницијатива.

Од канцеларијата нагласија дека граѓаните на Крива Паланка и тамошните соседни општини можат да се сретнат со нив секој последен четврток во месецот во просториите на општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK