Вицепремиерот Маричиќ домаќин на Бун, Лирман и Шинковски вел Сенк

marichikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ќе биде домаќин на „Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, кои доаѓаат во дводневна официјална посета на Скопје.

Како што информира Секретаријат за европски прашања, утре Маричиќ ќе одржи работен состанок со Лоранс Бун, Ана Лирман, Шимон Шинковски вел Сенк. Тема на разговор ќе бидат преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.


Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.

Како што е најавено, во вторник министерка за Европа и за клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, што го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK