Концерт на „Пламенка Трајковска -гудачко трио” на „Кривопаланечко културно лето”

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Настапот на „Пламенка Трајковска – гудачко трио” синоќа на летната сцена во градскиот парк во Крива Паланка, понуди уште една импресивна вечер на „Кривопаланечко културно лето”.

Кривопаланчани и бројните туристи ја исполнија летната сцена, а уметниците понудија вистинско задоволството на публиката и уживање на сите присутни.


-Задоволството на публиката, благодарноста од изведувачите, уживањето на сите присутни, се вистински показател дека „Кривопаланечко културно лето” е гарантирано задолжителна летна шема во градот за сите генерации, за млади и возрасни, жители и посетители. „Пламенка Трајковска – гудачко трио” ги импресионираа паланчани и бројните туристи што уживаа во двочасовната програма на летната сцена во градот, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Гудачкото трио во состав од Пламенка Трајковска, Љубица Бошкоска и Милена Гиевска Андоновска промовира камерна и класична музика преку изведба на различни видови музички програми.

По дводневна пауза, „Кривопаланечко културно лето” продолжува на 18 јули, со проекција на концерт, по што следуваат џез концерт на 19 јули, рок настап на 20 јули, како и фолклорни концерти, проекции и литературни манифестации.

Во август ќе се одржат два големи меѓународни фестивали Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” и десетто, јубилејно издание на „Џојфест“, на кој се најавени настапи на врвни музички имиња од Балканот и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK