Екоакција на волонтерите од ДПД – Кочани за наводнување на дрворедите на јавните површини

pozarnikari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Волонтерите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани од денеска почнаа со екоактивности за наводнување на дрворедите во градското подрачје, како поддршка на комуналните служби во одржувањето на зеленилото на јавните површини.

Активностите се реализираат по барање на Општина Кочани за да се заштитат од исушување младите стебла во периодот со екстремно високи температури.


– Акцијата за наводнување на младите дрвца ја почнуваме од денеска и ќе трае во текот на целиот летен период. Планираме секојдневно да интервенираме на различни локации во градот и околината, според укажувањата од надлежните, но и по сопствени согледувања. Веќе е изработен неделен распоред на активности, а на првиот ден од екоакцијата интервениравме со десетина илјади литри вода на околу двеста новозасадени стебла во централното градско подрачје. Притоа, активиравме четворица пожарникари волонтери и две возила, истакна Симе Стоиков, волонтер од ДПД – Кочани.

Освен наводнувањето на дрвјата и зелените површини, во рамки на екоактивностите во текот на летниот период пожарникарите од ДПД – Кочани ќе организираат и превентивни акции за заштита од пожари. Планирани се директни средби, кратки совети и укажувања со делење флаери, со цел да се подигне јавната свест, но и еколошката одговорност кај граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK