Шолц изрази поддршка за забраната за касетни бомби, но ја брани одлуката на САД

sholc
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја бранеше одлуката на САД за испорака на контроверзна касетна муниција на Украина, но во исто време ја истакна важноста на меѓународниот договор за забрана на овој вид муниција, јави ДПА.

– Американската влада донесе одлука што не е наша, туку ја донесе суверено, рече Шолц. и додаде дека во спротивно, САД можеби нема да можат да обезбедат доволно муниција за Украина, која се бори против руската инвазија.


Тој сепак рече дека меѓународната Конвенција за касетна муниција, која Германија ја потпиша, е „од големо значење“ и оти тој е многу загрижен за потенцијалното влијание на неексплодираните касетни бомби врз цивилите долго по завршувањето на војната.

Речиси 80 години по крајот на Втората светска војна, предупредувањата за неексплодирани бомби остануваат релативно чести во Германија, истакна Шолц.

– И затоа е многу оправдана загриженоста што ја истакнуваме со оваа конвенција. И јас исто така сум посветен на тоа, рече Шолц.

САД, Украина и Русија ја немаат потпишано конвенцијата, со која се бара да се забрани касетната муниција. Оружјето се бомби што се распрснуваат над целта, расфрлајќи голем број помали експлозиви. Голем дел не се детонираат, но остануваат како закана со години во иднината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK