Забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони при екстремно високи температури во Кавадарци

kamioni-uvoz-izvoz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на Општина Кавадарци денеска донесе одлука за забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони бруто маса при екстремно високи температури на територијата на Кавадарци.

-Со оваа одлука се воведува посебен времен сообраќаен режим за тешките товарни возила над 15 тони бруто маса на локалните патишта и улици во општината, за време на летниот период од 20 јули до 10 септември, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството за здравство, се наведува во одлуката од Советот.


Забраната за овие возила и под овие услови, ќе важи во најтоплите денови во периодот од 12 до 17 часот. За ова, општината ќе изготви и техничка документација и ќе постави соодветна сообраќајна сигнализација. За потребите на јавен интерес, општината ќе издаде посебна дозвола за движење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK