Културно уметничкото друштво „Валет е Лиќенит“ од Радолишта ќе го отвори 32. издание на фестивалот на стилизирани песни и ора „Кенге Јехо“, што од денеска до недела ќе се одржува на Градскиот плоштад во Струга.
Настап, како што информира директорот на Фестивалот Зини Јусуфи, ќе имаат и студија и ансамбли од Скопје, Атина, Пловдив, Либражд, како и Државниот ансамбл на песни и ора на Република Северна Македонија.
– И на втората и третата фестивалска вечер уметници од Албанија, Бугарија, Грција, Северна Македонија…, ќе ги претстават своите културни вредности преку разноликоста на народните носии, фолклорот и традицијата, рече Јусуфи.
Целта на фестивалот, според него, е промоција на албанската култура и вредности и е од големо значење за Струга и стружани.
– Фестивалот е значаен не само за Албанците и за Струга, туку и за државата. Тука настапуваат друштва од целиот свет, а со тоа го промовираме градот и е содржина плус за туристите, истакна Јусуфи.
Организатор на фестивалот „Кенге Јехо“ е истоименото здружение, а се оддржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Струга.