Ердоган: Путин и јас сме на иста страна по прашањето за продолжувањето на Договорот за жито

erdogan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се на иста страна кога станува збор за продолжување на Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море.

Ердоган, исто така, истакна дека се надева дека договорот ќе биде продолжен по 17 јули, како резултат на напорите на Обединетите нации и Турција.


Портпаролот на Европската унија вчера рече дека Европската комисија им помага на Обединетите нации и Турција во обидите да се продолжи Договорот за житарки и дека е „отворена за истражување на сите решенија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK