Советот на Кавадарци одобри средства за кавадарчани кои претрпеа штети од невреме


kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на Општина Кавадарци на денешната седница одобри исплата на финансиски средства за кавадарчани кои претрпеа штети од невремето на први и трети јуни. Целта, како што беше кажано, е ублажување на последиците од елементарна непогода.

– Вкупната сума за оваа намена од буџетот на општината изнесува 120 илјади денари. Беа поднесени 40 барања за обесштетување. Штетите беа проценети со увид на лице место од страна на комисија. Комисиски се констатира дека 13 барања се неосновани, пишува во извештајот за штетите од невремето.


На 13 од пријавените им се доделува по шест илјади, а на 14 по три илјади денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK