Креиран прв Национален регистар за подземни води

shukova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државата има висок процент на користење на подземни води, но досега нивниот потенцијал не беше ниту доволно истражен, ниту искористен и што е најважно доволно заштитен. Затоа овој Националниот регистар на подземни води е клучен стратешки документ за развојот на државата, истакна министерката за животна средина Каја Шукова.

Шукова на денешната конференција на која беше промовиран регистарот рече дека ова е прв проект од ваков вид и оцени дека е од посебно значење за одржливо управување, идентификација, употреба, заштита и следење на подземните води на национално ниво.


Додаде дека Национачниот регистар освен што е клучен за понатамошниот развој на државата, тој е и обврска според европските директиви.

-Беше потребно да се соберат и централизираат тематски различните податоци што се собираат во различни национални и приватни институции, во еден систем. Од друга страна, со дигитализирањето не само на податоците, туку и на процедурите и известувањето се олеснува пристапот до истите и извршувањето на процесите за управување со подземните води. Кратко речено се обезбедува транспарентност, достапност и скратување на постапките за издавање на управни акти за користење и испуштање на води. Вкупно 13 различни процеси се вклучени во системот, појасни министерката.

Амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман посочи дека во државава подземните води се стратешки ресурс и се клучни за земјоделството и индустријата.

-Со зголемените потреби за вода и негативното влијание на климатските промени, станува уште поитно да се преземат ефикасни мерки за соодветно управување со подземните води. Една клучна компонента на одржливото управување со подземните води е воспоставувањето, одржувањето и користењето на Системот за управување со податоците за подземните води, кој се нарекува и Националрн регистар, катастар на подземни води, рече Улман.

Во рамки на проектот изработена е и мобилна апликација која ќе претставува помошна алатка за спроведување на процесот на контрола и инспекторирање.

Проектот е финансиран од Швајцарската Конфедерација, преку Швајцарската Амбасада во Република Северна Македонија и Швајцарската Агенција за Развој и Соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK