Зголемен водостојот на дел од реките, езерата во рамки на просекот за јули

ezero
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нивоата на повеќе реки во земјава, кај кои денеска се вршени хидролошки мерења, покажуваат вредности повисоки од просекот за јули.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) зголемување има на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, како и на Црна Река кај Новаци…


Мнимално намалување на водостојот во однос на просекот за јули се бележи на реката Црни Дрим кај Ложани, на Сатеска кај Ботун и на Брегалница кај Берово.

Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK