Министерството за внатрешни работи вчера во спроведената акциска контрола на територијата на земјава изрече 222 казни за возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што соопшти денеска МВР, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место.