Ерупцијата на вулканот на Исланд привлече илјадници луѓe

VULKAN
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од вулканот Фаградалсфјал на Исланд, чија пукнатина е широка околу 900 метри, веќе четири дена се излеваат лава и отровни гасови.

Ерупцијата на тој вулкан, кој се наоѓа на околу 30 километри од главниот град Рејкјавик, започна во понеделникот во област која не е населена, но привлече илјадници љубопитни луѓе и покрај предупредувањата од властите за опасност од вдишување гасови, пренесува Гласот на Америка.


„Тука сум да ја фотографирам оваа спектакуларна ерупција, не е тешко да се фасцинира“, вели фотографот Торарин Џонсон. „Секогаш е многу забавно, ова е мојата четврта или петта ерупција, така што – да, секогаш сум фасциниран со тоа“.

Вулканот Фаградалсфјал имаше две ерупции во последните две години – последен пат пред 11 месеци. Во тие случаи, тоа не предизвикало голема штета .

Исландската метеоролошка служба соопшти дека сегашната ерупција првично била помоќна од претходните две, но научниците веруваат дека големината на пукнатината и обемот на ерупцијата сега се помали.

Во просек, на Исланд, кој се наоѓа во активна вулканска област, ерупција се случува на секои четири до пет години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK