– Шестиот светски рекет Онс Жабер попладнево ја победи втората на ВТА ранг-листата Арина Сабаленка со 2:1, по сетови 6:7(5), 6:4 и 6:3.
Тунижанката втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон. Во 2022 година, таа загуби од Елена Рибакина.
Севкупно, ова ќе и биде трето финале на Грен слем – на УС Опен минатата година, таа загуби од Ига Швјонтек.
Жабер, која победи две топ 10 тенисери и четири Грен слем шампионки во низа на Вимблдон, за трофејот ќе се бори со Маркета Вондрушова.