Туристичка промоција на традиционалните занаети

Ljupco Janevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот,  Љупчо Јаневски, и претседателот на Занаетчиската комора на Република Македонија, Агрон Фазлији, денеска потпишаа Меморандум на соработка.

-Занаетчиите преку одржувањето на традиционалните занаети придонесуваат кон славење на традицијата и зачувување на културното наследство, но важен сегмент е и поттикнување на економскиот развој на земјава. Без исклучок традиционалните занаети треба да бидат дел од туристичките посети, каде туристите ќе имаат можност да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети, истакна Јаневски.


Со потпишување на меморандумот, наведуваат од Агенцијата, ќе се работи на зацврстување на соработката преку заедничко делување, подобрување на квалитетот на производите и услугите на занаетчиите, презентација и промоција на занаетчиските производи и услуги во земјата и странство преку организирање заеднички презентации со заедничко учество на саемски манифестации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK