Генерал Тарнавски: Во Украина пристигна касетната муниција од САД

tarnavski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина ја доби касетната муниција од САД, изјави денеска украинскиот генерал Олександр Тарнавски, пренесе Си-ен-ен.

-Само што ја добивме, сè уште не сме ја искористеле, но таа може радикално да ја промени ситуацијата на бојното поле, изјави Тарнавски за американската телевизија.


Генералот тврди дека Русија знае дека Украина со оваа муниција ќе има предност во војната.

-И непријателот разбира дека ќе имаме предност со оваа муниција. Непријателот ќе го отстапи овој дел од територијата  каде што таа може да се употреби, тврди Тарнавски.

Тој посочи дека употребата на оваа муниција е забранета во густо населените области, дури и ако тие се под контрола на руските сили.

-Русите мислат дека муницијата ќе ја користиме во сите области на фронтот. Тоа е многу погрешно. Но, тие се загрижени, рече украинскиот генерал.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела објави дека донел „тешка одлука“ да одобри трансфер на касетна муниција во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK