Мицкоски: Со власта можеме да разговараме само за термин за избори, се друго се „рибарски“ приказни

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека со власта може да се договори само за една работа, а тоа е терминот за следните парламентарни избори.

-Измина повеќе од една година, тие велеа дека јас сум проблемот, политичарот Христијан Мицкоски го имаа на маса, имаа година дена време да најдат еден кој ќе гласа за уставните измени, има неколку решенија кои им ги понудив изминатата година, сите тие ги одбија и сега имаат на маса само една работа: а тоа е да седнеме и да се договориме за терминот за следните парламентарни избори. Се останато е во делот на рибарските приказни односно лагите и фантазијата на овие луѓе кои што уште малку време ќе бидат дел од македонската влада, рече Мицкоски, кој беше на средба во Занаетчиската комора.


Мицкоски не кажа што ќе им каже на тројцата министри за надворешни работи министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и на Словачка, Александар Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали станува збор за дипломатска офанзива и разговри на тема уставни измени, Мицкоски рече дека тоа се случува цела година. Кажа дека ако само уставните измени се тема на состанокот, за којшто нема дневен ред, тој не само што ќе биде разочаран туку истовремено ќе биде и навреден.

-Не е тоа нешто ново. Би бил разочаран ако тое е единствено нешто овие тројца високи гости дошле во Македонија. Ако навистина го почитувате овој народ и ако навистина и посакувате европска иднина и перспектива на Македонија тогаш малку повеќе ќе посветиме внимание на криминалот и корупцијата, отсуството на реформи, катастрофата во образовниот систем, катастрофата во здравството, лошата состојба на земјоделците, иселувањето на младите. И подготвен сум со секого да разговарам за да ги подобриме состојбите во овие области. Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран, но истовремено и навреден како граѓанин на Македонија бидејќи на сите анкети граѓаните на Македонија  уставните измени не ги ставаат ниту на првите приоритети, рече Мицкоски.

Да слушнеме што е тоа што нив ги интересира, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK