Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во град Скопје изгласа заклучоци со кои се задолжува градоначалничката Данела Арсовска и градот Скопје да извршат низа мерки за утврдување на одговорност кај надлежните за скандалот со ѓубрето, како и превенција таквиот настан да не се повтори.
Заклучоците изгласани се следни:
1.Се задолжува Градоначалникот на Град Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје да ги преземат следните мерки:
-Редовно чистење и миење на сите сообраќајници во Град Скопје
-Дезинфекција и дезинсекција на сите места каде што се наоѓаат контејнерите и во блиската околина,
-Дезинфекција, дезинсекција и редовни одржувања на контејнерите,
-Итна набавка на 5 нови камиони и механизација за собирање на отпад,
-Итна набавка 5 нови модерни еколошки чистачи на улици и сообраќајници
– Детална проверка на договорите за вработување на вработените за кои има сомнеж дека не се појавуваат на работа, а остваруваат право на плата,како и на оние со нерегулиран статус повеќе од 5 години,
– Одговорност за сите кои директно или индиректно учествувале во креирањето,на ваквите состојби во ЈП Комунална Хигиена,
-Проверка на состојбите со договорите за вработување и во останатите ЈП во соработка со надлежните државни институции,
-Ревизија на работата на членовите на УО и НО на ЈП Комунална Хигиена Скопје во врска со членот 36 став 1 точка 6 од Законот за локалната самоуправа,
-Формирање на работно тело за надзор над работата на јавните претпријатија согласно чл.36. став 1 точка 9 и 11
-Редовни и чести координации помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Претседателот на Советот и координаторите на советничките групи,
-Соработка помеѓу сите ЈП на Град Скопје во надминување на состојбите во Градот,
-Изработка на функционална анализа на сите установи и институции вклучувајќи ја и администрацијата на Град Скопје, да се изработи непристрасно, темелно и независно за да може да служи како основа за унапредување на јавните услуги,
-Во Кризниот штаб да се вклучат и претставници од членовите на Советот на Град Скопје,
-Да се достави Извештај за работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во рок од 3 дена,
– Да се достави Извештај за спроведувањето на Програмата за јавната чистота
-Да се реализира јавна дебата за разгледување на можностите за децентрализација на дел од надлежностите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Овој заклучок изгласан од советниците ќе биде доставен до градоначалничката Арсовска, која има обврска истиот да го спроведе.
Очекуваме Арсовска наместо да бега од дебата и работа, да овозможи скопјани да можат да ги имаат основните услуги за кои плаќаат даноци.
Скопје не смее да се соочи со нова катастрофа како таа со ѓубрето по улиците, за таа цел се донесени овие Заклучоци. Арсовска да постапи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ