Во процесот на уставни измени треба да влеземе без предрасуди во однос на исходот, сериозно суштински објаснувајќи им на граѓаните, на пратениците и на политичките партии за што се работи. Опциите се две или прекинување на прегворите со ЕУ или што поскоро завршување на измените на Уставот, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој одговарајќи на прашања од домашните новинари за тоа кои се неговите очекувања од посетата на високите гости со мандат на ЕУ шефовите на дипломатиите на Австраија, Чешка и на Словачка, истакна дека таа има за цел да потврди дека ЕУ стои позади Преговарачката рамка, дека подобар договор не сме можеле да добиеме, и дека никој не може во иднина да ја менува.
-Секое ветување на кој било дека кога било ќе може една запирка да сменат од преговарачката рамка мислам дека тука сме за да им ги одземеме тие лажни аргументи бидејќи нема да може. Тогаш ако е тоа така чуму е одложувањето? Опциите се две – или ги прекинуваме преговорите засекогаш и јасно велиме не сакаме во ЕУ бидејќи условите не множе да се менуваат, очигледно значи повлекување од идејата за членство во ЕУ или завршување на уставните измени што побрзо. Трета опција нема. Нема трета опција. Мислам дека е тоа најјасно во оваа ситуација, подвлече уште еднаш Османи, посочувајќи дека гласањето ќе биде пред камери и секој ќе ја преземе одговорноста за една од овие две опции.
За тоа што во разговорите министрите на средбата со опозицијата би можеле да сугерираат за да остапат од нивните тврди ставови дека нема да ги прифатат уставните измени, министерот Османи посочи дека нивната цел не е да се мешаат во внатрешните прашања на државата и да бидат дел од внатрешната дебата, тука да охрабрат за кредибилност на процесот на евроинтергации.
-Мислам дека доаѓаат повеќе да не охрабруваат дека процесот е кредибилен. И тоа ние најмногу очекуваме од нив. Тие да ни гарантираат нас дека процесот е кредибилен, дека сите овие жртви што ги правиме долж процесот на крај ќе се исплатат во членство во ЕУ и таа гаранција ја добиваме. И за мене тоа е најважниот момент од оваа посета дека процесот е кредибилен, подвлече Османи.
Во однос на тоа кога поконкретно уставните амандмани би влегле во Собание, тој рече дека одлуката ќе ја донесе премиерот како претседател на Владата кога ќе свика седница, а тоа треба да се очекува во наредните две недели.