Инсистирањето во последно време, непотребно, од Бугарија дека ние треба да ги завршиме уставните измени, кога ние повеќе зборуваме за уставните измени не мислам дека ни помага, туку целта е да не изместат од фокусот, бидејќи јас сум убеден дека уставните измени се во наш интерес и сум убеден дека не се сите во Бугарија среќни за завршување на уставните измени.
Ова го изјвави министерот за надворешни работи одговарајќи на прашање од домашните новинари по заедничката прес – конферебнција со шефовите на дипломатиите на Австрија Александар Шаленберг, на Чешка Јан Липавски и на Словачка, Мирослав Влаховски кои се во посета на земјава. Тој прашан во контекст на неформалната средба на премиерот Димитар Ковачевски со неговиот бугарски колега Николај Денков во Вилнус на маргините на самитот на НАТО, на која и тој присуствувал, рече дека станува збор за првична средба како што тој претходно имаше со вицепремиерката Марија Габриел.
-Тоа се први средби на запознавање во коишто се разбира искажуваме двете страни волја да продолжиме со поинтензивна комуникација. И мене тоа ми е главниот аргумент на таквите средби. Дајте ние да се видиме бидејќи ако оставиме празнини некој друг ќе ни ја „киднапира“ агендата, а очигледно има од двете општества и држави има такви кои упорно се обидуваат да не изместат од подобрување на односите. Па и ова инсистирање последно време непотребно од Република Бугарија дека ние треба да ги завршиме уставните измени кога ние повеќе зборуваме за уставните измени не мислам дека ни помага, туку целта е да не изместат од фокусот. Бидејќи јас сум убеден дека уставните измени се во наш интерес и сум убеден дека не се сите во Бугарија среќни за завршување на уставните измени. Бидејќи, прво, им ги земаме сите аргументи дека државата има некаков дискриминаторски однос кон која било заедница, второ е најдобрата формална манифестација на нашиот наратив по однос на бугарскиот народ и бугарската држава, вели министерот Османи.