Денес, ДПМНЕ ќе им ги испорачаат сите 44 пратеници на министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка на „обработка“.
Првично, при средбата со амбасадорите на гореспоменатите држави одбиле и одлучиле да испратат само делегација. Сепак подоцна се „предомислуваат “ и ќе им ги испорачаат сите 44 пратеници, како што оригинално било побарано од нив.
Знаете друга држава каде вака сервилно и поданички им се удоволува на странски државници!?
И ДПМНЕ се дрзнуваат да бараат 61 пратеник!? 81 да ви даде народот, ќе останете слуги на странскиот фактор и тесто за месење. На најмал притисок виткате кичма.
Единствено Левица пружа автентичен отпор на политиките кои 30 години ни ја уништуваат државата.
Се друго е театар.
Борислав Крмов, пратеник од Левица