Расчистена „тешка кражба“ од куќа во Кисела Вода, следува кривична пријава

priveden begalec
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода поднесе кривична пријава против З.Т.(45) од општина Илинден поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „тешка кражба“.

По преземени мерки и извршено вештачење, како што соопштија МВР, било констатирано дека тој со употреба на сила влегол во куќа на подрачјето на Кисела Вода и одзел предмети. Лицето било лишено од слобода и со него бил извршен службен разговор.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK