Отворен Центар за справување и третман на обезност на Клиниката за ендокринологија


medziti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја посети Клиниката за ендокринологија по повод отворањето на Центар за справување и третман на обезност, односно дебелина.

-Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти за третман. Токму поради тоа и ние во нашата земја ќе имаме референтен центар за дијагностицирање и третирање на дебелината, посочи министерот Меџити при посетата на клиниката.


Тој изрази благодарност до компанијата Ново Нордиск за оваа значајна поддршка.

На Клиниката има едуцирани ендокринолози кои секојдневно ќе работат со оваа проблематика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK