Вкупно 252 возачи на мотоцикли се санкционирани во текот на вчерашниот ден, во периодот од 17:00 до 23:00 часот, во спроведената акциска контрола на територијата на државава.
Од нив, како што соопшти денеска МВР, 152 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 52 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.