Димоски: Проблемот е што квалитетните кадри во сите варијанти ќе си го најдат својот пат, ама клучните државни органи ќе останат окупирани од медиокритети

vojo dimoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на јавни обвинители се дрзнал во услови кога има тотално разнишан легитимитет, да врши избор на обвинители во повеќе обвинителства низ Македонија.

Се разбира изборот е соодветен на моралното и стручно ниво на оние што избираа, па сосема очекувано меѓу избраните не е колешката Ленче Ристоска. Затоа напредувале обвинители за кои на пример, постои сомневање дека со работењето го оштетиле буџетот на РМ и да не набројувам понатаму бидејќи помалку сум уморен од зборување на темата.
Зборот ми е дека пораката што ја испратил Советот е дека нема место за квалитетни кадри во Обвинителството.
Проблемот е што квалитетните кадри во сите варијанти ќе си го најдат својот пат, ама клучните државни органи ќе останат окупирани од медиокритети.
Чарето е во длабински и сеопфатен ветинг и само политичката партија која ќе даде сериозни гаранции за тоа, ќе добие глас од мене.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK