Белата куќа денеска го осуди лансирањето на интерконтинентална балистичка ракета од страна на Северна Кореја и соопшти дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја обезбеди нејзината безбедност, како и безбедноста на Јужна Кореја и Јапонија.
„Вратата на дипломатијата не е затворена, но Пјонгјанг мора веднаш да ги прекине своите дестабилизирачки акции и наместо тоа да го избере патот на дипломатијата, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Хоџ во соопштението.