Индонезија заплени ирански танкер поради нелегален претовар на нафта во нејзините територијални води

indonezija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индонезиските власти денеска соопштија дека заплениле ирански танкер со нафта и го уапсиле екипажот поради илегално префрлање нафта на друг брод во посебната економска зона на земјата.

Ирански брод кој превезувал 272.569 метрички тони (2,3 милиони барели) сурова нафта во вредност од 4,6 милијарди индонезиски рупии (околу 270 милиони евра) бил запленет во петокот додека незаконски истоварувал нафта во камерунски танкер во ексклузивната економска зона на Индонезија, соопшти шефот на крајбрежната стража Ен Курни.


Брод на индонезиската крајбрежна стража забележал сомнителна активност во зори и се обидел да им пријде на танкерите. Иранскиот танкер побегнал кон малезиските територијални води.

„Танкерот игнорирал различни сигнали за да застане. Властите сè уште го испрашуваат капетанот на танкерот, кој е Египќанец, и 28 сириски членови на екипажот“, рече Курни.

Танкерот под знамето на Камерун успеал да побегне.

Курни рече дека танкерот се соочува со различни прекршувања, вклучително и неистакнување на државното знаме, исклучување на нивните системи за идентификација, нелегално закотвување, како и нелегален пренос на гориво меѓу бродовите и излевање нафта.

„Властите го испратиле иранскиот танкер до островот Батам, во близина на Сингапур, поради понатамошна истрага“, рече Курни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK