Ставени во функција поголем дел од чешмите во Штип

stip
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Штипското комунално претпријатие во функција ги стави поголем дел од градските чешми и фонтани. Директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков вели дека екипите на претпријатието во изминатиот период работеле на терен и чешмите се ставени во функција, со цел да им служат на граѓаните во текот на летните горештини.

-Под надлежност на ЈП „Исар“ се 15 чешми на територија на Штип. Поголем дел од нив се активирани, односно работат. Функционални чешми има на плоштадот „Слобода“, кај Домот за култура, кај гимназијата, основното училиште „Ванчо Прќе“, кај зграда Пролет, две во населба Сењак, на новото игралиште во населба Пребег, во населбите Баби, Дузлак, кај црквата „Свети Спас“, како и на Градскиот пазар во Штип, вели Зајков.


Сите чешми се приклучени на градскиот водоводен систем што значи дека водата е безбедна за пиење. Постојано се прават испитувања, потенцираат од претпријатието. За чешмите кои не се во функција велат дека во наредниот период ќе се работи на овие чешми за да може и тие во овие топли денови да проработат. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK