Австралиската пратеничка Фернандо на средба со пратениците од групата за соработка во Собранието

sredba sobranie-fernando
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем е придонесот на македонската заедница во Австралија, истакнала денеска на пратеничката од оваа земја Касандра Фернандо на средбата со пратениците од групата за пријателство во Собранието со Австралија.

Фернандо посочиладека Австралија е подготвена да работи заедно со Македонија за споделување искуства и знаења, како и дека сака да ја поддржи Македонија во нејзиниот развој, посебно во областа на трговијата, иновациите и технологијата, соопшти прес-службата на Собранието.


Пратеникот Љупчо Пренџов истакна на средбата дека со Австралија негуваме долгогодишно пријателство, и покрај географската далечина. Тој посочи дека нашата земја има значително голема дијаспора концентрирана во неколку региони на Австралија. Односно, како што рече Пренџов, според последниот попис, во Австралија се околу 98.500 Македонци, иако, како што наведе, со оглед на неколку децениската миграција во таа насока, реалната бројка на наши иселеници таму е над 200 илјади.

Тоа, како штоп нагласил пратеникот, е една од причините поради кои треба дополнително да се интензивира и зацврстува соработката, и на парламентарно ниво, така што би било добро наши пратеници да ја посетат Австралија за да осознаат повеќе за тамошниот начин на работа и за функционирањето на политичкиот систем.

Пратеничката Рина Ајдари истакна дека Македонија и Австралија, и покрај големата географска оддалеченост, негуваат блиски односи. Таа посочи дека соработката меѓу парламентите е, исто така начин за промовирање на добрите билатерални односи.

На средбата присуствуваа и Александар Велјановски од Кабинетот на пратеничката Фернандо и почесниот конзул на Австралија во Република  Македонија, Зоран Костовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK