Стојановски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе комуницираат со колегите од власта и со Џафери само за избори

pratenicka-grupa-vmro
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Официјална комуникација на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со пратеници од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори, изјави денеска пратеникот на опозициската партија Бојан Стојановски.

Стојановски, одговарајќи на новинарско прашање, каква е комуникацијата помеѓу пратениците во Собранието по изјавата на лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кажа дека официјална комуникција нема.


-Како што кажа и претседателот на нашата партија комуникација официјална нема. Ние го соопштивме нашиот став дека од тој момент натака сеуште е важечка нема да се разговара за никакви понуди освен за одржување на предвремени парламентарни избори. Така што официјална комуникација помеѓу пратениците од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори, изјави Стојановски.

Неофицијална комуникација има, а според него се одвива во работните тела односно собраниските комисии.

-Во работните тела, да има неофицијална комуникација, но официјална комуникација од аспект на прашањето што ми го поставивте нашиот став е јасен и имаме можност да комуницираме само за тоа, дециден е Стојановски.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски веќе одамна не оди на редовните понеделнички средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, но тие и покрај тоа остваруваат неформална комуникација. Тоа може да се потврди и со закони кои пратениците ги гласаат или со присуството на седници и дебатите.

Во Собранието денеска прес-конференција имаше само Стојановски, кој кажа дека пратеничката група нема да ги поддржи законите за даноците за солидарност, за ДДВ и за добивка. Во објектот на Парламентот сретнавме само уште двајца пратеници. Следната нова седница е закажана за 18 јули, кога би требало да се одржат продолженија и на стари седници за да се гласа за закони за кои расправата заврши минатата недела. Најави за доаѓање на уставните измени во Собранието се уште нема.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK