Отворените средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжуваат во Гевгелија

дискриминација-средби
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граѓаните, членовите на граѓанските организации и претставниците на институциите во Гевгелија и нејзината околина, утре (13 јули 2023) ќе имаат можност за дискусија и подетално запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Оваа средба се одржува во рамки на активноста „Отворени средби“ која ја спроведува КСЗД во насока на подигнување на јавната свест за препознавање на формите на дискриминација, како и за запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата.


Преку ваквите отворени средби, членовите на Комисијата остваруваат директна комуникација со граѓаните и претставниците на институциите на локално ниво, како што се судовите, подрачните единици на министерствата, службениците кои се дел од локалната самоуправа, како и претставниците на граѓанскиот сектор.

„За нас како Комисија ваквите средби претставуваат можност за отворена дискусија со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите околу формите на дискриминација, нејзиното препознавање, како и за најважното – начинот на постапување во насока на спречување и заштита од дискриминација. Исто така, преку овие дискусии се отвора и можност за поефикасна соработка помеѓу Комисијата, граѓанските организации кои делуваат на локално ниво и институциите, во остварување на заедничката цел – промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација. Истовремено, ваквата комуникација и соработка е од исклучително значење, бидејќи придонесува кон подигнување на јавната свест за формите на дискриминација и начинот на нејзино искоренување“, посочуваат од Комисијата.

„Отворени средби“ започнаа минатиот месец во Крива Паланка, каде членот на Комисијата Ирфан Деари имаше можност за директна комуникација со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво во оваа општина, а продолжи со средба во Гостивар на која учествуваше членот на Комисијата Игор Јадровски. До крајот на оваа година предвидени се и отворени средби во дополнителни шест градови низ земјата. Ваквите средби се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Покрај заштитната улога и постапувањето по претставки од граѓаните, како и по службена должност, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има и превентивна улога која ја спроведува преку едукација и соработка со граѓански организации, државни институции и институции на локално ниво. „Отворените средби“ се дел од ваквите активности кои КСЗД ги презема заради ефикасна комуникација со граѓаните и за претставување на Комисијата и на нејзините надлежности во јавноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK