Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (УКЛО) во соработка со Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид за своите студенти спроведе еднодневен почетен курс за веслање.
За веслањето како спорт, презентација и демонстрација на веслање приреди професорот од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Климент Наумов, воедно активен член на веслачкиот клуб „Горица Ремо“, додека членови на клубот, на битолските студенти им презентираа веслање во вода.
Од УКЛО-Битола информираат дека на спортскиот и едукативен настан за веслање и едрење, освен ректорот Игор Неделковски и проректорот за настава Цветко Андреевски, учествувале и други професори и студенти од универзитетот.