Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија.
Фернандо ќе има средба со собранискиот спикер Талат Џафери и со членовите на парламентарната делегација на Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ).
Предвидена е и средба со претседателот на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија, Зоран Коцевски, соопшти собраниската прес-служба.