Градоначалникот Герасимовски парично ги награди хигиеничарите од ПОЦ

jp poc
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски им додели награден бонус на хигиеничарите од комуналната служба на ЈП „ПОЦ“.

Како што информираат до општината вчера од раните утрински часови над 50 вработени биле ангажирани да ги чистат купиштата ѓубре во сите општини во Центар.


-Чест и задоволство за секој градоначалник е вработените во општинските претпријатија да бидат пример за успешно работење. Со вашата посветеност во работењето вие ја издигнавте Општина Центар на највисокото место. Со вашиот целодневен труд покажавте дека сакате чист Центар и дека нашата општина може да биде чиста доколку имаме повеќе механизација и желба за работа. Искрено ви се заблагодарувам и го вреднувам тоа што го работите, рече Герасимовски пред вработените.

Со целата механизација и дополнителна надворешна опрема меѓу која и голем камион за кревање на контејнери вчера во две смени работеле повеќе од 50 вработени хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“.

Вработените ги празнеле контејнерите и ги миеле улиците од непријатната миризба од купиштата ѓубре во сите населби во општината.

-По алармот на граѓаните дека комуналното градско претпријатие не ги празни кантите со денови градоначалникот Герасимовски прв најави самоиницијативно чистење во општината, се наведува во соопштенеито.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK