Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во Вилнус денеска експресно му одговори на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пред да пристигне на самитот на НАТО, гневно го коментираше фактот дека на Украина не и е дадена временска рамка за влез во Алијансата.
-НАТО ѝ дава на Украина значаен пакет кој вклучува многу различни елементи кои ќе и помогнат на таа земја да го почне процесот за пристапување во НАТО. Ова е многу практична поддршка, рече Столтенберг.
„НАТО никогаш не испратил посилен сигнал до Украина, и политички и на ниво на практична, конкретна помош“, додаде генералниот секретар на НАТО.
-Ако ги погледнете сите претходни процеси за пристапување во НАТО, тие не беа засновани на временски рамки, туку на исполнување на условите, кажа Столтенберг.