Декларација од самитот на НАТО во Вилнус: Иднината на Украина е во Алијансата

samit NATO
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерите на НАТО на самитот во Вилнус се согласија дека иднината на Украина е во Алијансата, но тие не му предадоа покана на официјален Киев, ниту навестија временска рамка за пристапување, што оваа земја упорно ја бара.

НАТО, истовремено, се откажа од барањето Украина да го исполни таканаречениот Акциски план за членство (МАП), ефикасно отстранувајќи ја пречката на патот на Киев кон Алијансата.


„Иднината на Украина е во НАТО“, се наведува во декларацијата што денеска ја договорија лидерите на 31 земја членка, додавајќи дека евроатлантската интеграција на Киев ја надмина потребата од Акциски план за членство.

„Ќе бидеме во позиција да ја поканиме Украина да се приклучи на Алијансата кога сојузниците ќе се согласат и кога ќе бидат исполнети условите“, се додава во декларацијата на првиот ден од самитот во Вилнус.

Иако лидерите не ги прецизираа условите што Украина треба да ги исполни, тие соопштија дека Алијансата ќе му помогне на Киев да постигне напредок во воената интероперабилност, како и дополнителни реформи во демократскиот и безбедносниот сектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK