Маричиќ: Помирувањето и соочувањето со минатото дава надеж за подобра и европска иднина на регионот

maricik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Помирувањето и соочувањето со минатото дава надеж за подобра и европска иднина на регионот. И по 28 години од геноцидот во Сребреница пораката е јасна: Мирот како вредност вреди да го чуваме, бидејќи тој е основа за стабилност и просперитетна иднина, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод сеќавање на геноцидот што се случи пред 28 години во Сребреница, БиХ.

-Денеска укажуваме почит и достоинство за жртвите од Сребреница, со надеж дека сме ги научиле лекциите од минатото кои повикуваат на заштита на темелните цивилизациски вредности. Тоа ќе ни помогне во уништувањето на корените на омразата што доведуваат до дејствија како воените злосторства и геноцидот, кои ќе бидат црни дамки во нашата историја и демократскиот свет, напиша Маричиќ.


Тој додава дека одговорност и наша должност е да работиме на вистинско помирување и на нашата заедничка цел и амбиција, да градиме општества засновани на европски вредности, доверба, меѓусебно разбирање и почит.

-Никогаш да не се повтори и да не се заборави, дополнува Маричиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK