Ковачевски на првиот состанок на Северноатлантскиот совет: Самитот на НАТО уникатна можност да ја покажеме силата и обединетоста во однос на нашите тековни и идни задачи

Kovacevski - Vilnus
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Вилнус на првиот ден од Самитот на НАТО учествува на првата сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

-Го започнавме првиот состанок на Северноатлантскиот совет, на кој разговараме за стратегиски концепт за унапредување на одбранбените капацитети и за модернизација на одбраната. Тема на состанокот е и зајакнувањето на отпорноста на членките на НАТО кон растечките сајбер закани. Самитот на НАТО е уникатна можност за сите сојузници да ја покажеме силата и обединетоста во однос на нашите тековни и идни задачи, објави Ковачевски на Фејсбук.


Во фокусот на агендата на првата сесија од Самиотот е зајакнувањето на колективната одбрана со регионални планови и постојана подготвеност за брзи одговори преку копно, вода и воздух. Политиката на одвраќање, како што информираат од Владата, ќе биде пофокусирана, со надополнување на воените и одбранбени политики.

Една од главните теми на сесијата е продолжувањето на инвестициите во одбраната и новата заложба за инвестиции од одбраната, со договор тоа да биде најмалку два проценти од БДП, а во исто време најмалку 20 отсто да бидат наменети за модернизација.

Македонија одвојува 1,85 отсто, а како што истакна премиерот во изјавата пред почетокот на состанокот, на модернизација се одвојуваат 30 отсто, јави известувачот на МИА oд Вилнус.

Заложбата, како што наведува Владата, е потребна за да се зајакнат капацитетите за одбрана, вклучително и растечки сајбер и хибридни закани, но и да се справиме со други предизвици како тероризмот или злоупотреба на нови технологии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK