Столтенберг: Загрижени сме за тензијата на Косово, подготвен сум да се сретнам со Вучиќ

stoltenberg-vucic
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека е во редовен контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека е подготвен да се сретне со него, јави дописникот на МИА од Белград.

Столтенберг ова го изјави пред новинарите во Вилнус, по повод неодамнешната изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека поради ситуацијата на Косово ќе бара средба со генералниот секретар на НАТО и итна седница Советот за безбедност на ОН.


-Загрижени сме поради растечката тензија во Косово. Ги повикуваме двете страни на деескалација и да се воздржат од активности кои би довеле до влошување на ситуацијата и зголемување на тензиите во регионот, рече Столтенберг пред самитот на НАТО во Вилнус.

Тој додаде дека НАТО е присутен на Косово и дека го зголемил своето присуство поради нестабилноста, насилството и тензиите во изминатите недели.

-Имаме сили на КФОР таму за да обезбедиме безбедност и стабилност за Косово и неговите граѓани и ние го исполнуваме нашиот мандат на непристрасен начин, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK