Анкета: Дури 77 проценти од Германците се незадоволни од Владата

vlada germanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу три четвртини од Германците не се задоволни од работата на Владата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот Форса, објавена од радиодифузерот РТЛ.

Дури 77 отсто се изјасниле дека се помалку задоволни или воопшто не се задоволни од Владата.


Клучна тема во истражувањето беше контроверзниот закон за греење во Германија, кој има за цел да обезбеди најмалку 65 отсто од новите системи за греење да се напојуваат со обновлива енергија.

Како удар за владата на канцеларот Олаф Шолц, законот за греење беше стопиран од страна на највисокиот суд на Германија минатата недела, за да ги спречи пратениците да го префрлат прашањето во Парламентот. Законот е одложен до септември.

Истражувањето покажа дека 61 отсто од луѓето сметаат дека проблемот со законот за греење покажува дека коалицијата владее „непрофесионално и хаотично“.

Анкетата е спроведена на 1.002 граѓани на почетокот на месецов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK