Во Скопје 198 сообраќајни прекршоци, 61 за брзо возење

radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 198 мерки од областа на сообраќајот. Од нив, 61 санкција е за возење повеќе од дозволената брзина, 18 за возење без возачка дозвола и шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на црвено светло, девет санкции за некористење сигурносен појас…


-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK