Турскиот и американскиот министер за одбрана разговарале за модернизацијата на турските вооружени сили

ostin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал за модернизацијата на турските вооружени сили во телефонски разговор со турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, соопшти Пентагон синоќа откако Турција објави дека ќе го поддржи членството на Шведска во НАТО.

Во октомври 2021 година, Турција изрази подготвеност да купи американски борбени авиони Ф-16 во вредност од 20 милијарди долари, како и речиси 80 комплети за модернизирање на своите борбени авиони.


– Тие дискутираа за позитивните разговори меѓу Турција, Шведска и генералниот секретар Јенс Столтенберг, како и за поддршката на Министерството за одбрана за модернизација на турските вооружени сили“, се вели во соопштението на Пентагон за телефонскиот разговор на Остин со Ѓулер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK