Поранешниот претседател на Јувентус, Ањели, суспендиран на 16 месеци

juventus
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот фудбалски суд го суспендираше денеска поранешниот челник на Јувентус, Андреа Ањели, на 16 месеци поради неправилности при исплата на плати на играчите.

Ањели, како што објави Фудбалската федерација на Италија, е казнет и со 60 илјади евра.


Случајот датира од почетокот на пандемијата на коронавирусот кога Јувентус објави дека играчите се согласиле на големо намалување на платите во период од четири месеци со цел клубот да може да се справи со финансиските проблеми. Меѓутоа, Јувентус, продолжил тајно да ги плаќа играчите кои, наводно, се одрекле од само една месечна плата.

Клубот и другите поранешни директори, со исклучок на Ањели, вмешани во овој случај во мај годинава се спогодија со спортските обвинители за парична казна во износ од 718 илјади евра.

Ањели, кој стои зад неуспешниот проект Суперлига, се повлече од местото директор на Јувентус на крајот од минатата година, заедно со другите членови на Управниот одбор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK