Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.
Имено, ниту општина Аеродром, ниту општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ЈП депонија Дрисла Скопје бидејќи истиот им е истечен во март месец.
Се поставува прашањето, каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП депонија Дрисла Скопје, единственото предвидено место за одложување на отпад?
Дали креирале и колку диви депонии креирале?
Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?
ЈП депонија Дрисла Скопје