Совети за заштита од прекумерна работа и синдромот на прегорување

pregorenost-zamor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Недостаток на концентрација и мотивација, утринска мрзеливост, незаинтересираност, безволие – сѐ тоа можеби не е само замор. Можеби се работи за онаа „лизгава патека“ на целосната исцрпеност, или она што на Запад се нарекува „Burnout“ (синдром на работна исцрпеност или синдром на прегорување) – подмолниот „крадец“ на менталното здравје.

Како што пишува „Индекс“, тоа не е само поим преземен од науката во Северна Америка – тоа е вистинска психолошка состојба на замор што може да има сериозни последици по психо-физичкото здравје. Што е прегорување?


Тоа е потешка, целосна психичка, физичка и емоционална исцрпеност и намален интерес за секојдневните активности. Ова нарушување понекогаш е тешко да се препознае бидејќи честопати погрешно се сфаќа како депресија, анксиозност или обична мрзеливост.

Најчесто, оваа состојба се поврзува со работното место – претерана работа, лоши услови, немање поддршка од колегите и претпоставените, постојани притисоци и крајни рокови. Но, тоа не им се случува само на оние кои се преоптоварени со работа. Секој – од ученици до родители, може да стане жртва на ова подмолно заболување. Работа „24 / 7“, сестраност во задолженијата, перфекционизам – сѐ тоа може да доведе до прегорување.

Симптомите на прегорувањето опфаќаат: Чувство на исцрпеност, недостаток на концентрација, проблеми со спиењето, анксиозност, беспомошност, губење апетит, апатија. Доколку се присутни повеќето од овие знаци, се препорачува совет и стручна помош.

Што може да се направи за заштита од ова нарушување?

Пред сѐ – треба да научиме да кажеме „не“ – за сѐ она што му штети на телото и умот. Тоа значи грижа за психо-физичкото здравје. Тоа е свесност за сопствениот одмор, за времето минато со семејството, пријателите, блиските, за хобито и вообичаените секојдневни ситници што ни се лично важни, но и полезни, како што се трчање, пливање, јога, прошетки надвор.

Советот на стручњаците гласи – не заборавајте да се грижите за психичкото здравје. Ако не се чувствувате добро, не двоумете се да застанете и да земете здив. На крајот на краиштата, мирен ум е најсилното и најбитното оружје против сите предизвици во животот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK