Милатовиќ: Црна Гора искрено го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, тензиите влијаат и на нас

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска во Белград изјави дека деескалацијата на тензиите на Косово е приоритет и во Црна Гора.

– Важно е тензиите на северот на Косово да се стават под контрола и да дојде до деескалација. Ова е приоритет во Косово и Србија, но и во Црна Гора, рече тој по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.



Тој ги поздрави напорите на Белград за деескалација, додавајќи дека Вучиќ направил многу за да дојде до деескалација, но оти „за танго се потребни двајца“, пренесе Бета.

– Тоа ни тежи на сите нас и ние навистина искрено и пријателски го поддржуваме дијалогот, посакуваме најдобро и тој да заврши во корист и на Белград и на Приштина, доколку тоа е можно, рече црногорскиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK