Во засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола вчера од 16 до 22 часот казнети се 78 возачи за управување возила со брзина поголема од пропишаната.
-Од вкупно 78 возачи, 40 ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека и во наредните денови ќе продолжат засилените контроли во сообраќајот и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.